Причина што вработената во колонијална продавница, 33-годишната М.П. од село Свето Митрани, крушевско, која на 3 февруари по кратка расправија, со ловна пушка на нејзиниот свекор го уби 44-годишниот Н.Д. од истото село, било тоа што тој и се додворувал и барал да стапи во љубовна врска со него.
Од почетокот на оваа година тој постојано и се јавувал на телефон, секојдневно доаѓал во продавницата за да и се додворува, а почнал физички и психички да ја малтретира.
Почнал да и упатува и сериозни закани дека ако таа не стапи во љубовна врска со него тој ќе го убие нејзиниот син.
Исто така ја уценувал дека ќе каже на нејзиниот сопруг дека била со него во интимна врска, иако тоа не било вистина, информира МВР.