Продавница на чудата: Купиш прстен за 20 евра а вреди 20.000 – Каде завршуваат изгубените куфери (Фото/Видео)


Многупати се случило багажот да го заборавиме на аеродромот, а потоа никогаш да не успееме да го најдеме. Во Алабама постои трговски центар со квадратура од 40,000 метри квадратни каде што се собираат сите загубени багажи кои што не успеале да бидат вратени на сопствениците, а потоа работите во нив се продаваат.

Сопствениците ги откупуваат куферите на кило, без и да знаат што има внатре. Како да истражуваш сокриено богатство, никогаш не знаеш што те чека, велат сопствениците.
Една од поомилените стории на Бренда Кантрел е моментот кога пронашла куфер во кој имало Египетски артефакти и мумифициран сокол.

Потоа имало случај кога во еден од куферите пронашла отровна змија, која за малку ќе ја каснела.

„Не знаеме како змијата се нашла таму, дали некој намерно ја ставил или некако таа самата си го пронашла патот за време на транспортниот процес“.
Имаше ситуација кога пронајдовме венчален фустан, но не знаевме дали истиот бил испратен за на свадбата или пак бил вратен од истата. Никогаш не можеш да знаеш што да очекуваш кога следниот ден ќе пристигнеше нов куфер.

Некогаш ќе пристигнеа различен тип на облека, електрични апарати, книги, работи кои што лесно можат да се продадат. Некогаш налетуваме на брендирана и скапа гардероба, дијамантски прстени и слично. Една жена си купи прстен за 20 долари а во златара и го процениле на 20.000 долари. Бил некаков специјален дијамант, вели Бренда. Друга слична прикаска е еден брачен пар кои купил плишено мече во кое откриле неколку стотици илјади долари свиткани во ролни и замаскирани со кесиња.

Кантрел работела во овој центар повеќе од 14 години.
„Повеќе од моите школски облеки ги пазарував токму од овој центар. Ова место претставува како мој втор дом. Посетители доаѓаат од различни земји, има и организирани тури од секаде. Овде не се знае кога што ќе начекаш па имаме и редовни посетители кои си ја бараат среќата.

Продаваме и уметнички дела, телефони, компјутери, најмногу се продаваат козметиката и играчките – тоа се речиси секогаш нови – некористени кои патниците најверојатно ги враќале дома како подароци за своите најблиски. Гардеробата ја продаваат како носена. Ја перат, пеглаат па изложуваат. Тоа го правиме со сите парчиња освен со оние што имаат сеуште етикета на себе и се гледа дека се нови. Од продавницата се офајдила и самата Бренда која си купила комплет куфери за само 100 долари. 4 парчиња куфери. Но не обични туку од познатиот бренд Луи Витон.

На овој ЛИНК е сајтот од продавницата каде имаат и каталог што се се продава. А под галеријата со слики е ВИДЕОТО кое зборува што се пронашле купувачи во последните години.


Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1