Продажба на алкохол: До 19 наместо до 21 часот


Државниот пазарен инспекторат преку соопштение објавено на официјалната веб страна, ги информира сите угостителски објекти на територија на Република Македонија да се придржуваат кон одредбите на Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење во делот на почитување на работното време, забрана на точење алкохол на малолетници и забрана за пушење на тераси кои се преградени на несоодветен начин, согласно одредбите на Законот за заштита од пушење.alkoholni-pijaloci-VP-4

Воедно се информираат сите вршители на трговска дејност кои имаат Лиценца за продажба на алкохол дека согласно Законот за трговија се забранува продажба на алкохолни пијалоци од 19:00 до 06:00 во период од 1.10.2015-30.04 2015 година.

Во периодот од 01.05.2015 до 30.09.2015 забраната за продажба на алкохолни пијалоци е од 21:00 до 06:00 наредниот ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1