Поради постоење на опасност од бегство и повторување на делото, Основното јавно обвинителство денеска побара да му се продожи притворот на обвинетиот маж дека сторил кривично дело „Полов напад на дете што не наполнило 14 години’.
Настанот се случи на 22 јули годинава кај комплексот на згради кај Млечниот ресторан во Скопје, кога обвинетиот извршил полово дејствие врз дете што не наполнило 14 години.