Страшен пожар беснееше кај Кванташки пазар во Скопје


Пожар избувна вечерва во фабриката за пелети во близина на Кванташки пазаr, пренесува Курир.pozarnikarot-gasi

Од МВР за Курир ја потврдуваат информацијата истакнувајќи дека околу 20:20 часот добиле пријава за пожар на улицата „Вера Радосављевиќ“, поточно во фабриката на пелети „Вертиго Дизајн“. Пожарот кој избувнал од засега непознати причини, бил локализиран и изгаснат од 5 против пожарни возила. Повредени лица нема, а според првичните информации целосно изгорел хангарот кој служел како погон за репарирање на еуро пелети, виљушкар и разен алат.

Од полицијата додаваат дека увид ќе се врши во текот на утрешниот ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1