Продолжен рокот за пријавување штета од поплавите – еве до кога е новиот рок


На барање на граѓаните, а со цел да се обезбедат можности за пријавување на штетата за сите лица кои претрпеа штета од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, Владата одлучи да го продолжи крајниот рок за пријавување на штетите, се вели во соопштението на Владата на Република Македонија.popla67

Од таму информираат дека краен рок за пријавување на настанатите штети (на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд) од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица, е среда (7 септември 2016 година) заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот.

Сите лица од горенаведените населени места кои досега ги немаат пријавено штетите од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, истото може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово, заклучно со 16:30 часот во среда, 7 септември 2016 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1