Продолжува да се тресе тлото во Албанија


Уште триесетина земјотреси со епицентри кај Драч, во Албанија, се регистрирани досега по силниот потрес утринава во 2:54 часот со интензитет од 6,4 според Рихтер.

Според извештаите на албанските медиуми, во потресите животот го загубиле најмалку шест лица, а над 150 се повредени. Причинета е и голема материјална штета.

Најсилниот од серијата земјотреси беше почувствуван и во Северна Македонија. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени во источните делови на земјава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1