На бродот кој вчера беше пронајден еден мртов маж и четворица во тешка состојба и денеска се случи мистериозен инцидент. Полицаец од увидот и еден вештак се итно пренесени во болница откако им се слошило додека вршеле увид под палубата на бродот.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, пациентите коишто се од вчера во болница во Сплит, а од кои две се деца и натаму се критични. Неизвесно е дали ќе преживеат оти нивните органи продолжуваат да откажуваат. Првичните податоци од анализите покажуваат зголемено количество на јаглероден монооксид во нивната крв. Бродот „Атланција“ вчера вплови во пристаништето на Хвар, а на палубата е пронајден мртов маж четворица во безсознание.
Утврдено е дека починатиот е Италијан, Еуген Винчи, но резултатите од обдукцијата не се откриваат.