Продолжува потрагата по киднапираната Моника од Ниш – во напуштена куќа пронајдени траги


Неколку стотици припадници на полицијата – полицајци, припадници на Интервентната полиција и специјалната единица со кучиња не се откажуваат од потрагата по малото девојче од Ниш, 12-годишната Моника Каримановиќ која е киднапирана од таканаречениот малчински бербер, осудуван силувач, 49-годишниот Нинослав Јовановиќ од селото Малча кај Ниш.

Специјалната единица на полицијата со кучиња трагачи и дронови го пребарува селото Глоговац.

Таа нашла уште една сомнителна куќа при потрагата по девојчето.

Претседателот Вучиќ рекол дека цела ноќ бил во контакт со директорот на полицијата Владимир Ребиќ и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ поради киднапирањето на девојчето.

Мајката на девојчето апелираше до сите граѓани да им помогнат во потрагата, но да нема лажни дојави.

Се уште го бараат моето дете! Само да е жива! Се ќе се залечи, се заедно ќе преживееме, само она жива да ми се врати. Живеам само повторно да ѝ го слушнам гласот. Се прашувам низ какви маки детето сега поминува – рекла за Курир.рс расплаканата Александра, мајка на Моника Каримановиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1