Резиденцијата на амбасадорот на Србија во Триполи, погодена е со проектил, но освен материјална штета, нема повредени. Проектилот се зарил во танкер за вода од армиран бетон, поставен на покривот на објектот.
Неофицијално, во моментот на експлозијата во објектот се наоѓал само еден работник кој се грижел за објектот. Сите службеници на амбасадата на Србија се безбедни и ги продолжуваат секојднвените активности, јавуваат српските медиуми.
Либиските медиуми јавија дека српската резиденција наајверојатно била случајно погодена. Сепак, во нивните извештаи се почесто се јавува за директни напади на дипломатските претставништва во Триполи.
Вчера било пукано во конвој од возила со британски државјани, а од саботата амбасадата на САД во Триполи веќе е евакуирана.