Професор од Штип се обидел да силува ученичка


СВР Штип  поднесе кривична пријава против С.П.(63) професор, A.K.(47) директор на СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип и T.С.А.(46) Државен просветен инспектор сите од Штип поради постоење основано сомнение дека првопријавениот сторил кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата“, а второ и трето пријавените сториле кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“.stip policija

Првопријавениот како професор во СОУ во Штип во три наврати во текот на 2014 година злоупотребувајќи ја својата положба извршил други полови дејствија над  ученичка во училиштето.

Второпријавениот како Директор на горенаведеното училиште и третопријавената како Државен просветен инспектор свесно пропуштиле да го пријават кривичното дело на надлежен орган сторено од страна на првопријавениот иако биле должни да го сторат тоа, за кое дознале во вршењето на својата должност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1