Професорката Божана Кировска, вработена во текстилното училиште “Ѓоче Стојчевски Амбарче” во Тетово, го тужи раководството за мобинг на работното место.
Таа за Телма вели дека е под притисок да одржува часови по практика на албански јазик, а патем истиот не го знае доволно и да поднесе оставка во библиотеката каде работи на пола работно време.
Од друга страна, директорката Севдеје Мустафаи изјави за Телевизијата дека немало притисок врз професорката по ова прашање.