Во една кениска болница изби паника кога еден маж, кој е прогласен за мртов, се разбуди еден ден по самоубиството
Началникот на болницата во градот Наиваша, Јозеф Мбуру, рече дека Пол Мутор (24) се обидел да се убие во текот на семејна караница, пиејќи инсектицид.
Во болница ми дадоа лек кој ја успорува работата на срцето, рече Мбуру, додавајќи дека тоа веројатно го збунило медицинскиот персонал, кој поверувал дека тој е мртов, па го префрлиле во мртовечница.
Персоналот еден ден подоцна слушнал звуци кои доаѓале од мртовечница и сите побегнале кога „мртвиот“ станал. Пациентот, кој сега е добро и се опоравува, им се извинил на сите, тврдејќи дека било грешка што се обидел да се убие.