Времето во Македонија ќе биде сончево и потполо, а во западните делови со мала локална облачност. Ќе дува слаб доумерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 15 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе достигне до два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
До вторник ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Во вторник кон крајот на денот се очекува локално зголемување на облачноста и слаб дожд. Локални врнежите од дожд ќе има и во среда кои ќе условат пад на дневните температури за околу 3 до 5 степени.