Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност.
Попладне во јужните и западните делови променливо облачно со краткотраен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7.
Дневната температура ќе се движи од 22 до 32 степени Целзиусови.
Во Скопје слично време со температура до 31 степен.