Времето утре во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, а доцна попладне и во ноќните часови ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југозападен правец.
Температурата ќе се движи од 22 до 33 степени.
Во Скопје и околината слично време со температурата до 31 степен.