Проговори сопругата на пилотот на исчезнатиот авион – открила клучна информација!


Новинар од угледен новозеландски весник и еден искусен пилот и истражувач на авионски несреќи моментално заеднички пишуваат книга за таинственото исчезнување на авионот на Malaysia Airlines и велат дека Фаиза Кан во телефонски разговор им потврдила дека личноста која последна комуницирала со контролорите за лет бил токму нејзиниот сопруг.

Таа рекла дека нејзиниот најстар син го препознал гласот на снимката кој вели: “Добра ноќ Малезиски 370”.

malezija_645575S1Тоа е спротивно на досегашните официјални тврдења, според кои последниот поздрав од кокпитот го кажал копилотот Фарик Абдул Хамид. Со оваа верзија прв во јавноста излегол шефот на Malaysia Airlines Ахмад Јаухари Јахја, но тој кажал и дека последните зборови гласеле: “Во ред, добра ноќ”.

Доколку навистина пилотот бил последниот човек кој комуницирал со контролата на летови, а во недостаток на било какви други конкретни докази за евентуално киднапирање на авионот, со состав не елиминација одговорноста за исчезнувањето би паднала на Шах, како што неодамна известиле и британските медиуми и малезиските власти.

avion malesiaЗаменикот главен уредник на весникот Waikato, Џеф Тејлор вели дека тој и ко-авторот на книгата Еван Вилсон, прво стапиле во контакт со шурата на пилотот, Асуад Кан, кој живее во Пенанг во Малезија. Во неговиот дом направиле 3-часовно интервју, а Кан тврдел дека гласот на снимката не е на Шах, пренесува Independent.

Но, Тејлор и Вилсон успеале да го убедат пред нив да и се јави на сопругата на пилотот, за да го слушнат и нејзиното мислење, кое досега не и било познато на јавноста, бидејќи таа ги избегнувала медиумите. Таа по телефон кажала дека нејзиниот најстар син е сигурен дека на снимката го слушнал гласот на својот татко.

“Во нешто повеќе од 3 месеци откако исчезна авионот, никој не успеа да добие изјава од сопругата на Шах. Имавме среќа од неа да добиеме потврда за тоа кој управувал со авионот. Тоа е големо откритие кое досега не беше познато”, изјавил Тејлор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1