Проговори сопругата: Робин Вилијамс бил болен од смртоносна болест


Американскит актер Робин Вилијамс бил смртно болен и му останувале само уште три години живот, доколку не извршеше самоубиство, тврди неговата вдовица Сузан Вилијамс.

Во интервју за телевизиската компанија Еј-Би-Си, прво по смрта на актерот, во август минатата година, таа вели дека Робин „се распаѓал пред нејзините очи“ само неколку недели пред да си го одземе животот.suzan i robin

– Живеевме во вистински кошмар, изјави Сузан Вилијамс.

Кај популарниот актер и комичар била дијагностицирана Паркинсоновата болест, како и еден посебен облик на деменција, кој предизвикува формирање на посебни тела во мозочните клетки, што целосно ја нарушуваат нормалната функција на мозокот.

– Ако имше среќа, Робин ќе можеше да поживее уште најмногу три години, објаснува неговата сопруга, откривајќи дека тешката и неизлечива болест го направила да страда од силна депресија.

Таа вели дека во еден момент актерот бил сосема свесен, но дека само пет минути потоа, не знаел што зборува.

Според сопругата Сузан, тој се справувал со болеста колку што можел, но дека последните триесетина дена веќе бил „целосно скршен“.

Робин Вилијамс изврши самоубиство на 63-годишна возраст.

– Не беше само депресијата тоа што го уби Робин. Депресијата е само еден од педесет симптоми, и тоа многу мал. Лекарите добро ја вршеа својата работа, но болеста беше побрза и поголема. Лекарот ми рече дека Робин е свесен дека ги губи конците и дека не може да се аправи ништо во врска со тоа. Се молам за сите луѓе кои ја имаат таа болест и се надевам дека успешно ќе се борат, бидејќи ниту ние, ниту тој не знаеше – вели Сузан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1