Проговори тинејџерката-жртва на масовното силување во Бразил


Тинејџерката од Бразил, жртвата на масовно силување во Рио де Жанеиро, проговори за насилството што го доживеа и за снимката од злоставувањето што се појави на интернет.

– Ако морам да чекам на правосудниот систем, тие веќе покажале дека ништо нема да се случи. Ја чекам Божјата праведа, таа можеби е бавна, но никогаш не изневерува – рекла малолетната девојка во присуство на својот адвокатка, јавува „Си-ен-ен“.tine

Во интервјуто за телевизиската мрежа „Рекорд“, 16-годишната тинејџерка зборувала за сеќавањата на денот на напаствувањето и мешавината на понижување коешто го почувствувала, но и за поддршката што ја добила кога снимката од силувањето се појави на социјалните мрежи.

Јавноста беше шокирана минатата недела кога се појави снимката во траење од 38 секунди на Твитер покажувајќи ја жртвата гола и во бесвесна состојба додека машки глас изговара дека сексуално ја искористиле најмалку 30 луѓе.

Во интервјуто направено во текот на викендот, жртвата на масовното силување изјавила дека „заспала, а потоа се разбудила на сосема друго место“.

– Кога се освестив еден маж беше врз мене, друг под мене, а двајца ме држеа. Се смееја, многумина бее вооружени. Ме дрогираа – навела таа.

Полицијата соопшти дека се обидува да идентификува најмалкау 30 лица коишто се вмешани во овој случај, а според непотврдените информации полицијата во Бразил го уапсила првиот осомничен за масовно силување на тинејџерката што го потресе Бразил, но и светот.

Малолетната девојка во интервјуто рекла и дека јавната поддршка е од клучно значење.

– Знаев дека нема правда, дека ќе бидам посрамотена и дури ниту на мајка ми во почетокот не сакав да ѝ кажам што се случи, но сега знам дека би било многу полошо доколку низ сето тоа поминува сама – рекла таа.

Случајот што го потресе Бразил предизвика и бурни реакции на социјалните мрежи и ненајавени протести во мнногу градови. Неколку стотици демонстранти поминаа по улиците на Рио де Жанеиро во петокот поради злосторството и „културата на силување“ во Бразил. Носеле пароли на кои, меѓу другото, пишувало „не значи не“.

Претседателот Мишел Темер ветил формирање федерална полициска единица која ќе се занимава само со проблемот на насилство над жените.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1