Жителите на југозападниот дел на Сибир верува дека руските проблеми се предизвикани од гневот на замрзнатата тетовирана принцез,а чија мумија ја ископале пред 21 година. Сега во план е да се изгради Мавзолеј и да се закопа на истото место од каде била ископана, односно на планината Алтај.
Археолозите сметаат дека се работи за принцеза бидејќи била облечена во кинеска свила. Починала на возраст од 25 до 28 години. Благодарение на ниските температури, кожата, освен на лицето и на вратот, е добро сочувана. На кожата има тетоважи.
Откритието на мумијата ги воодушеви научните кругови, но локалните жители се огорчени. Тие се уверени дека откопувањето на мумијата предизвикало големи неволји за нив. Пред се, крајот бил погоден од поплави и потреси какви што немало 50 години претходно, велат тие, убедени дека причина за тоа е нарушувањето на мирот на принцезата.
Остатоците од мумијата се изложени во Музеј. Но, локалните политичари се согласиле дека мумијата треба пак да биде погребана. Не откриле дали сметаат дека на тој начин ќе престанат економските и други проблеми во земјата во која локалната валута, рубљата, доживеа голем пад…
Lider.mk