Проколнат остров на само 10 часа од Скопје: Посетата била забранета поради повеќе морничави случувања


Во 20-тиот век овој остров бил користен како карантин, а во 1922-рата година постоечките објекти биле претворени во азил за ментално заболени лица.

Повеља е мал остров кој се наоѓа помеѓу Венеција и Лидо ди Јесоло, во лагуната на северот на Италија. Овој остров бил значаен во 421-вата година, кога луѓето од Падова и Есте избегале токму на оваа локација за да се заштитат од варварите.VENEZIA 10/10/06 FOTO AEREA ISOLA DI POVEGLIA   © GRAZIANO ARICI

Овој остров бил важно стратешко место за Италијанците. Во 1379-та, во војната помеѓу Серенисима и Џеноа, најмногу придобивки потекнале токму од овој остров, па затоа владата решила островјаните да ги пресели на друг остров, а Повеља да го претвори во тврдина, наречена Октагон.

Оттука почнува страшната и мрачна историја на овој остров. Според една oд легендите, вештерка која носела потекло од првите населеници на островот, од 5-от век, го проколнала островот, посакувајќи тој никогаш повеќе да не биде населен.

Во 16-от век, калуѓерите од Камалдоли не сакале да се вселат во тврдината, и во наредните 100 години островот останал ненаселен. Државата потоа им понудила на потомците на домородците да се вратат на островот и повторно да изградат свои домови, но тие одбиле, можеби поради клетвата која била фрлена врз оние кои повторно ќе се населеле на проколнатиот остров.ostrovot-povelja-misteriozna-lokacija-italija-10

Овој остров својата злокобна репутација ја стекнал и благодарение на јамите во кои Италијанците во времето на епидемијата на Црната смрт, односно чумата, фрлале трупови. Таму ги закопувале, палеле или ги оставале да скапуваат.

Меѓутоа, во 20-тиот век островот бил користен како карантин, а во 1922-рата година постојните објекти биле претворени во азил за ментално заболени лица. Тука биле сместувани сите луѓе на кои им била потребна долготрајна нега. Но, лекарот кој на овој остров изградил болница за ментално болни лица всушност ги мачел пациентите и врз нив практикувал лоботомија. Како што вели легендата, лекарот го прогонувале духови, поради што на крајот полудел и самиот и се фрлил од болничката кула.prokolnat ostrov

Болницата била затворена во 1968-мата година, а потоа била и целосно напуштена.

Денеска островот е ненаселен, а на посетителите не им е дозволен пристап, иако урнатините од болницата, црквата и крематориумот се уште постојат.

Мал канал го дели островот на два дела, а денес тој е затворен за посетители. Владата на Италија, во чие сопствеништво е овој остров, ги забранила сите посети.

Необичниот остров со мистериозна историја е претставен и во емисите “Авантури со духови” и “Најстрашните места на Земјата”.ostrovot-povelja-misteriozna-lokacija-italija-07

Постојат повеќе различни легенди за Повеља, а помеѓу нив е и онаа за умирањето на дури 160.000 луѓе токму на ова тло.

Истражувачите на паранормални појави тврдат дека на островот е забележано исклучитело високо ниво на активност. Најпозната жртва на чумата била Малата Марија, која во време на епидемијата била одвоена од родителите, а нејзиниот дух, наводно и ден денеска стои на брегот на островот и плаче за родниот град Маламок на другиот крај на лагуната.

Денес, овој остров е само едно од многуте места на планетата кои се забранети за посета поради страшното и мрачно минато.

Неодамна, Италијанската влада го даде островот под концесија на 99 години и тоа за да го подмири растечкиот јавен долг. Островот го купил извесен бизнисмен Луиџи Бругнаро кој дал 513.000 евра како понуда.

Погледнете:

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1