Мобилните оператори во Бугарија го укинале телефонскиот број 0888 888 888 откако секој човек кој го имал во последниве 10 години е мртов, а поголемиот дел од неговите сопственици биле убиени, пишува британски Дејли Мејл.
Неговиот прв сопственик Владимир Грашнов бил еден од извршните директори на една бугарска мобилна компанија кога изненадно на 48 години починал од рак. Бројот потоа преминал во рацете на бугарскиот тајкун Константин Димитров кој бил убиен во 2003 година во Холандија. Димитров имал 31 година, а убиството му било препишано на негов бизнис ривал од Русија.
Како што пишува „Вечер“ проклетиот број потоа го земал бизнисменот Константон Дишлев кој пак бил убиен пред индиски ресторан во Софија 2005 година. Тој бил застрелан токму во моментот кога се јавувал на телефон.
По неговото убиство полицијата открила дека тој бил вмешан во зделки поврзани со дрога, па го исклучила бројот додека траела истрагата. Овен нив, овој број го користеле уште неколку бугарски државјани кои исто така завршиле трагично, но случаите со нивната смрт се уште не се разјаснети.
Сепак, доколку сега свртите на бројот, операторот ќе ви каже дека не е во функција. Лицата од моблната компанија во Бугарија не сакале да го коментираат овој случај, но потврдиле дека овој баксузен број е исклучен на неодредено време.