Кога чешкиот уметник Јакуб Хадрав се согласил со својата уметност да помогне на селската црква во чешкото село Лукова, никој не знаел дека неговата уметничка инсталација ќе стане толку популарна и ќе привлече бројни туристи не само од соседните држави, туку и од Австралија и Бразил.
Средновековната црква, изградена 1352. година, руинирана е 1968, кога паднал црковниот кров и кога локалното население ја напуштило, убедено дека се работи за знак од бога, и дека црквата е проколната.
За да собере пари за реставрација на овој историски споменик, задолжен бил Хадрав, кој во црквата поставил по малку застрашувачки фигури од духови од гипс, кои ги претставуваат судетските Германци кои некогаш живееле во Лукова.