Променет режим на сообраќај на патните правци Струга – Дебар и Охрид – Свети Наум


Поради изведување градежни активности за подобрување на црната точка кај населеното место Враништа од денеска се воведува седумдневен променет режим на сообраќај на регионалниот пат Р1201, делница Струга – Дебар, инфомрира АМСМ.

Оттаму посочуваат дека од „Виадукт Трејд“ – Гостивар добиле известување дека од денеска ќе се започне и со изведување градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионалниот пат Р1301, делница Охрид – Свети Наум, во времетраење од сеедум дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1