Франција забранува електрични тротинети на пешачките патеки и на патиштата


Франција денеска законски го ограничи движењето на електричните тротинети и слични превозни средства.

Со закон од денеска во Франција е забрането да се возат тротинети по пешачки патеки и зони или по автопати и селски патишта.

Денешната одлука ги дефинира како „лични моторизирани мобилни уреди“ и ја ограничува брзината со која можат да се движат на 25 километри на час. Тие се наменети да се користат на велосипедски патеки и на патишта во градовите каде брзината е ограничена на 50 километри на час.

Минималната возраст за возачите е 12 години.

Градските власти во Париз претходно забранија возење или паркирање на електрични тротинети на пешаките патеки и зони.

Новите правила влегуваат во сила oд утре.

Електричните тротинети беа легализирани во Германија во јуни, но минатиот месец берлинската полиција извести дека регистрирале 74 инциденти во кои биле вмешани тротинетите само во првите три месеци откако биле легализирани. Започната е истрага за осомничени , кои пијани возеле електрични тротинети во 65 случаи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1