Пронајден и вториот телефон на Јанева – бил кај девојката на синот?


Пронајден и одземен е и вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој се тврдеше дека е изгубен.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти дека телефонот по кој се трагаше е пронајден во текот на вчерашниот ден и ќе биде даден на вештачење.

– По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен. Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок, се вели во соопштението од Обвинителството.

Со цел утврдување на натамошни факти, мобилниот телефон по наредба на обвинителството ќе биде предмет на вештачење. Истовремено, се испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, вчера го добило извештајот од вештачењето на првиот телефон на Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот „Рекет“.

– Вештачењето на мобилниот телефон е завршено. Но, со цел да не се попречи на натамошното водење на истражната постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не е во можност да сподели детали околу содржината на извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на јавниот обвинител. Вториот мобилен телефон до овој момент не е пронајден, соопштија од Јавното обвинителство.

Некои медиуми објавија дека ,,блиското лице кај кого е пронајден телефонот е всушност девојката на синот на Јанева.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1