Пронајден американски воен брод исчезнат пред 95 години


Дури по 95 години, на дното на морето во водите во близина на Сан Франциско се пронајдени остатоците од воениот брод „Констог“, кој исчезнал на 25 март 921 година заедно со 56-те членови од екипажот.

„Констог“ е последниот американскански брод кој исчезнал во невоено време, а бил на пат кон Перл Харбур.brod-isceznat

Остатоците на „Констог“ се пронајдени на длабочина од 58 метри во октомври 2015 година, но дури деновиве се објавени фотографии од „бродот на духови“, чие исчезнување досега беше енигма на историчарите.

Експертите веруваат дека бродот потонал откако се обидел да се вкотви во еден заливите за да се заштити од бурата која требала да дојде. Ветровите во тој дел дувале со јачина од 23 до 40 километри на час, а брановите станувале се поголеми.

Бидејќи не стигнал до Перл Харбур, како што било планирано, американските сили тргнале во потрага по него, а два месеци подоцна пронајден е негов чамец за спасување во близина на мексиканскиот брег, па потрагата е преместена на тоа подрачје.

Бродот и екипажот се прогласени за исчезнати на 30 јуни 1921 година.

Иако делови на палубата на бродот се уништени од корозија, а трупот е покриен со алги, неговите остатоци се речиси недопрени. Со помош на специјални камери е откриено дека се зачувани и другите четири пропелери, парните постројки и котли, како и топот на главната палуба.

Но, човечки остатоци не се порнајдени

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1