Пронајден гробот на Александар Македонски ?!


Тим на археолози и историчари од Полскиот центар за археологија открија мавзолеј изработен од злато и мермер кој би можел да биде токму оној на Александар Македонски. Локалитетот се наоѓа во област позната како Kom el-Dikka во центарот на Александрија – пренесува World news daily report.

10301971_685963758116703_4231709592249250088_nМавзолејот најверојатно бил скриен и запечатен во 3 или 4 век н.е. за да биде заштитен од христијанската репресија и деструкција на паганските споменици, по официјалната смена на религиите во Римското царство. Натписите се генерално на старогрчки но исто така има и неколку египетски хиероглифи, кои спомнуваат дека мавзолејот е посветен на „Кралот на кралевите, Освојувачот на светот Александар III“ Ова откритие е од неверојатна важност и може да даде многу нови информации за Александар Македонски. Мавзолејот содржи остатоци од фрагментиран саркофаг изработен од кристално стакло, 37 оштетени коски и фрагменти од керамика кои потекнуваат од Птоломејскиот и Римскиот период. Серија од тестови вклучувајќи и С-14 анализа ќе утврдат дали коските се оние на Македонскиот император.

Египетскиот Врховен Совет за Антиквитети (Supreme Council for Antiquities) веќе официјално има признаено повеќе од 140 неуспешни обиди да се пронајде гробот на Александар. Некои историчари дури тврдат дека неговото тело било ненамерно украдено од Алексадндрија од венециски трговци. Неговите остатоци биле однесени во Венеција и биле погрешно преименувани како коските на Св. Марко.

Ова ново откритие од Полскиот Центар би можело да биде едно од најважните во историјата на земјата.  Ако коските навистина испаднат оние на Александар, важноста на ова неверојатно откритие вртоглаво ќе се зголеми, што би го направило едно од најважните откритија во историјата на археологијата, ако не и најважното.

Преземено од: World news daily report/ arheologika,mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1