Пронајден исчезнатиот Македонец во Либија


Тројцата исчезнати работници во Либија се пронајдени живи и здрави, јавува босански „Дневни аваз“.

slika kidnapiran makedonecСпоред информациите кои ги пласира весникот, Македонецот Емилијо Гафури, Босанецот Петар Матиќ и Италијанецот Марко Валис биле пронајдени по акцијата на италијанското МНР.

Тие се живи и здрави, пишува весникот, и се пренесени на безбедна локација.

Тројцата работници исчезнаа во саботата во градод Зувари, каде работеле во италијанската фирма „Пјачентини конструкциони“.

Според босански „Дневни аваз“, за тројцата работници не бил баран откуп. Киднапирањето на странски државјани, пишува весникот, е честа појава во Либија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1