На аеродромот Завентем е пронајден „калашников“, пренесува белгиската RTBF.
Локалните власти препорачуваат на училиштата да не ги пуштаат децата надвор од училишните згради, а на родителите им се препорачува да не доаѓаат по нив.
Училиштата да не пуштаат никого внатре, ниту да излегуваат надвор од школските згради. Слична препорака е упатена и на вработените во европските институции.
Во очекување на одлуките на националното собрание и кризниот стожер од училиштата се бара да „не ги пуштаат децата да излезат за време на попладневната пауза“.
Од сите се бара внимателност и се препорачува да останат на местото каде што се нашле во моментот: во училиште, на работа, дома.