Пронајден кокаин во водата за пиење од чешма


Траги од кокаин и лекови против болки и епилепсија, се пронајдени во Велика Британија и тоа не само во водоводните цевки, туку и во водата од чешма, пренесуваат британските медиуми

90718_voda-iz-cesme_fТрагите од дрога, пронајдени се во неколку примероци вода од чешма, покрај интензивните детални прочистувачи на вода за пиење, пишуваат медиумите и додаваат дека дрогата пронајдени во облик на бензиопекгонин, молекул кој го создава човечкиот организам по внесувањето кокаин.

Покрај кокаинот, пронајдени се траги на лекови против воспаление и болки, како што е ибупрофен и лек против епилепсија-кармазепин. Санитарните експерти наведуваат дека пронајдено е многу мало ниво на овие супстанци, така што не се опасни по здравјето, но додаваат дека тоа е загрижувачко откритие, кое покажува дека во Британија се повеќе се конзумира кокаин.

-Бидејќи кокаинот на црниот пазар е се поевтин, неговото консумирање стана поголемо, што докажуваат анализите на водата, пишуваат медиумите. Се проценува дека во Британија има околу 700.000 редовни и повремени корисници на кокаин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1