Хакери копирале податоци од македонски платежни картички


Неколку клика за купување преку Интернет можеле да ги испразнат банкарските сметки на група Македонци што сакале да ги користат услугите на онлајн-продажба од една веб-страница.

credit-cards– Пред неколку дена ми се јавија од банка за да ми кажат дека ми ја блокирале картичката зашто некој ги ископирал податоците од некоја интернет-страница каде што сме купувале повеќе луѓе што имаме свои сметки во таа банка – раскажува нашиот соговорник, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

Вели дека банката му излегла во пресрет, ја блокирала постојната и за неколку дена ќе му извадела нова картичка.

– Ми кажаа дека не станува збор за грабеж, туку само за копирање на податоците. Среќа што немав пари на сметката, па и во случај на крадење немаше да бидам ограбен – раскажува нашиот соговорник.

АПЕЛИ ЗА ВНИМАНИЕ

Банкарите апелираат граѓаните да внимаваат каде ги внесуваат своите податоци и тоа да го прават на страниците за кои сметаат дека се сигурни, а не оние што може да бидат лесна цел на хакерите. За да се заштитат клиентите од празнење на сметките при онлајн-купување познавачите на банкарскиот сектор велат дека тоа се постигнува на неколку начини. Еден од нив е ограничување на дневниот лимит на извршени трансакции, кој го регулираат самите корисници. Ако тој е ставен на 10.000 денари, провалникот колку и да се труди не може да префрли поголема сума пари од дозволената. Друг начин на заштита е кодот што се наоѓа на задната страна на картичката, кој го знае само корисникот.

Има и случаи на некласична злоупотреба од самата интернет-страница при онлајн-пазарење. Како што објаснуваат познавачите, се случува интернет-страниците да повлекуваат суми од разумни причини, како што се членарина и провизии, за кои клиентите не прочитале при оставањето на податоците и давањето согласност за нивно останување на веб-страницата. Ако корисникот поднесе барање, банката преку интернационалните брендови „Виза интернешнел“ и „Мастеркард онлајн“ може да бара оспорување на таквата трансакција. Но тоа се случува ретко, а и трговецот секогаш има докази зошто повлекол пари.

NovaMakedonija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1