Неговото тело било пронајдено на подот на бањата, во состојба на распаѓање, откако полицијата на повик на соседите провалила во станот.
Станува збор за некогашниот ас на бокс клубот „14 Октомври”, 67-годишниот Десимир Сретеновиќ-Тарабаша. Десимир со години живеел сам, отуѓен од семејството, во стан преполн со ѓубре.
-Не контактираше со луѓе. Го препознаваа по беретката која ја носеше. Никому не се јавуваше, и понекогаш ќе поздравеше некого со кревање на раката. Долго време не комунициравме, но го следев неговото движење и состојбата. Дојдов да го погребам како што доликува бидејќи не е во ред да го погреба општината. Жал ми е што никој не сметаше дека е потребно да го прати на лекување. Моите кучиња живеат подобро од тоа што тој живееше, раскажал неговиот брат Витомир Сретенови.
Десимир се повлекол кога имал 37 години поради психолошки проблеми, а пред тоа работел во ИМК „14 октомври” како благајник.
Тој боксувал во лесна, полутешка и тешка категорија, а најуспешен бил во тешка категорија. Во кариерата имал повеќе од 200 натпревари и од повеќето од нив излегувал како победник.
Бил борец без мана и не се плашел да влезе во ринг ни со најголемите боксери. Сепак, имал проблеми и бил отуѓен од луѓето.
Десимир бил познат е и по тоа што донирал крв 120 пати.