Пронајден ножот со кој беше убиен македонскиот пекар во Србија


Полицијата во септичка јама во Бегеч го пронајде ножoт со кој беше убиен пекарот Слободан Стојановски (62) по националност Македонец, кој живеел и работел во ова село во близина на Нови Сад.slobodan_thumb_medium500_338

За свирепото убиство на информативен разговор во полиција се приведени неколку жители на Бегеч, а набрзо потоа за злосторството е осомничен 40-годишниот Небојша В. работник во пекарата, кој наводно го нашол телото и ја известил за тоа полицијата.

 

Стојановски немал ниту еден убод во вратот, лицето и главата, туку е избоден во градите и грбот.

Кај убиениот сопственик на пекарата немало ниту повреди по рацето што укажува на тоа дека не се обидел да се одбрани од напаѓачот.

Слободан Стојановски, сопственик на пекарата „Слобода“ во Бегеч е убиента ноќта меѓу петокот и саботата во својот дом, а обдукцијата покажала дека е убиен со 15 убоди од нож.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1