Тим на нуркачи во областа на источно Мексико истражувале подводна пештера долга 347 метри. Се верува дека тоа е најдолгата подводна пештера во светот.
Пештерата била откриена во рамките на проектот „Gran Acuifero Maya“, посветен на истражување на лавиринтите од подводни канали на полуостровот Јукатан.
Научниците во близина на одморалиштето Тулуму откриле дека пештерскиот систем Сак Актун, чија должина изнесува 263 километри е поврзан со системот Дос охос, долг 83 километри. Со тек на времето Дос охос станал дел од Сак Актун.
Гиљермо де Анда, подводен археолог и директор на проектот, смета дека ова откритие може да понуди нов увид во развојот на цивилизацијата на Маите пред доаѓањето на Шпанците.
Де Анда и неговиот тим претходно откриле таен премин под старата пирамида Кулкулкан во археолошкото наоѓалиште Чичен Ица.
Експертите сметаат дека тунелот можел да води кон природната дупка, викана сенота.
Одредени сеноти имале значајна улога во религискиот живот на Маите. Се верува дека тие служеле за жртвување луѓе, со оглед на тоа дека во претходните истражувања во нив биле пронајдени човечки коски.