Вчеравечер во 19.26 часот во ЕИК Скопје, И.Т. пријавил дека во с. Сарај, Скопско, во стан на ул. „20“, ја пронашле почината нивната внука С.А. (24) од Тетово.
Таа е пронајдена во станот од страна на нејзиниот дедо, кој насилно ја отворил вратата. Дедото и нејзините браќа изјавиле дека таа била душевно болно лице.
По наредба на јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.