Дваесетгодишната С.С од Село Прчиловица, денес попладне е пронајдена мртва на стариот пат во близина на селото Долно Сухотно.
Полицијата во Ниш потврдила дека случајот го пријавила Брзата помош во 17:45 и дека е известено јавното обвинителство, а увидот е во тек.
Телото ќе биде испратено во Институтот за судска медицина за да се изврши обдукција која ќе открие причината за смртта.
Сепак, постои сомнеж дека станува збор за самоубиство, бидејќи во нејзина близина е најден пиштол, кој легално го поседувал нејзиниот татко.