Британските шифранти не можат да ја дешифрираат пораката која неодамна е најдена на ногата на мртов гулаб. Поради тоа повикаа доброволци да им помогнат.
Реновирајќи го стариот оџак на својата куќа, еден Британец пронашол костур од гулаб писмоносец на чија нога било прицврстено кутиче со шифра од Втората светска војна.
На листот рачно се испишани 27 групи од по пет букви. Во потпис стои кратенката „Sjt“, со која порано се означувала титулата „нареник“, па се претпоставува дека пораката е пратена од една воена единица.
Но, стручните лица не успеале да го идентификуваат целиот потпис „W Stot Sjt“, како ниту шифрата „X02“ која го означува примачот.
Научниците веруваат дека оваа порака би можела да биде шифрирана на два начина – или со „клуч“ кој го знаат само праќачот и примателот, или со помош на книга на шифри.
И двете можности оставаат малку надеж за откривање на значењето на пораката.
Стручните лица се надеваат на помош, сметајќи дека има суште живи луѓе кои за време на војната работеле во комуникациските центри и кои би можеле да ја разјаснат пораката.
BBC ги повикува своите читатели да го откријат кодот:
AOAKN HVPKD FNFJW YIDDC
RQXSR DJHFP GOVFN MIAPX
PABUZ WYYNP CMPNW HJRZH
NLXKG MEMKK ONOIB AKEEQ
WAOTA RBQRH DJOFM TPZEH
LKXGH RGGHT JRZCQ FNKTQ
KLDTS FQIRW AOAKN 27 1525/6