Човечки коски и влакна закопани во земја биле пронајдени завчера на излетничкото место Ѓуриште кај Свети Николе, а полицијата извршила увид вчера, по што коските се предадени на Институтот за судска медицина за понатамошна постапка, известува МВР.
Се работи на утврдување на идентитетот на лицето.