Данската полиција денеска соопшти дека ги пронашла отсечените глава и нозе, како и делови од облеката на шведската новинарка Ким Вол, која исчезна по интервју со данскиот иноватор на подморница Петер Медсен.
Полицискиот инспектор Јенс Милер Јенсен информира дека главата и нозете на Вол се пронајдени во една пластична ќеса во Копенхаген, крај која имало уште една ќеса во која се наоѓале нејзината облека и нож.
Во двете ќеси имало и „делови од тежок метал“, кои според Јенесен, биле ставени во нив за да можат полесно да потонат во вода.
Двете ќеси е откриени во близина на местото на кое на 21 август беше поранјдено и торзото на Вол. Полицијата се уште трага по нејзините отсечени раце.
За убиството на новинарката е осомничен иноватрот Медсен, кој во моментов се наоѓа во истражен протвор,
Медсен негира дека ја убил Вол, туку тврди дека таа починала откако „случајно удрила во капакот на подморницата“.
Меѓутоа, полицијата го отфрла ваквото објаснување, посочувајќи дека на торзото се утврдени 15 убодни рани од нож.