Најмалку 18 странски алпинисти загинаа во неколку силни лавини на Монт Еверест, предизвикани од силниот земјотрес од 7,9 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди Непал, изјави претставник на спасувачките екипи, јави ТАСС.
Алпинистичка група на индиската армија, која се наоѓала во базниот камп под врвот Еверест, успеала да пронајде и извади од по под лавината 13 тела, кои е утврдено дека им припаѓаат на странски алпинисти, а други пет жртви се уште се затрупани.
Во тек е проверка на нивната националност.
Непалското Министерство за туризам соопшти дека во базниот камп имало најмалку илјада алпинисти, а меѓу нив 400 биле странски.