Пронајдени телата на трите деца кои се удавија во Тиса


Телата на трите деца кои во саботата се удавија во реката Тиса во северниот дел од српската автономна покраина Војводина, се пронајдени и извлечени од водата, објави Радио-телевизија Војводина во неделата навечер.Image.ashx

Нуркачите од Белград кои потрагата ја прекинаа во саботата ноќта околу 22 часот поради темницата, ги извадиле телата на децата недалеку од местото на коешто тие се разладувале. Трите деца се удавиле на дива плажа во близина на местото Ѓала во северна Војводина, кога 15-годишно девојче кое не знаело да плива влегло во реката и била повлечена од водата, а нејзините другарчиња, 12 и 13-годишно момченца, влегле во водата да ѝ помогнат, но сите три биле потопени.

Во времето на трагедијата на истата плажа имало уште две девојченца кои не влегувале во водата, а кога се случил трагичниот настан побарале помош од првиот жител кого го сретнале, тој ја алармирал полицијата, но веќе било доцна. Во потрагата беа вклучени припадници на Жандармеријата и нејзиниот нуркачки тим.

За само седум дена во Војводина се удавија вкупно пет деца. Минатата сабота на Шатриначкото езеро се удавило 17-годишно момче, а овој петок на реката Тамиш кај Панчево се удави 14-годишно дете.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1