Машкит труп во распаѓање кој што бил пронајден во атарот на струшкото село Дрслаица, се претпоставува дека телото е на исчезнатиот телохранител на струшкиот градоначалник Зијадин Села, објавија албанските портали во земјата.
Лешот кој денеска беше пронајден бил во распаѓање а го забележал случаен минувач кај месноста Дупки во атарот на село Дрслаица покрај реката Сатеска околу 17 часот пошто веднаш пријавил во полиција.
Безживотното тело било во поодмината фаза на распаѓање , а за утврдување на идентитетот ќе биде пратено на судска медицина во Скопје.