Пронајдениот машки труп во струшко е на телохранителот на Зијадин Села


Откриени се причините за смртта на 27-годишниот Уран Купа од Струга, поранешен телохранител на струшкиот градоначалник Зијадин Села, но во интерес на истрагата тие не се соопштуваат, дознава Плусинфо.

uran kupaНеговото тело беше пронајдено вчера утро во атарот на струшкото село Дрслајца. Телото на Купа го препознал неговиот брат.

Неговиот брат го идентификувал телото на младиот Купа кој исчезна на 6 февруари. На барање на струшкото основно јавно обвинителство, Институтот за судска медицина во Скопје изврши и ДНК анализа,чии резултати се очекува да бидат готови најдоцна в понеделник.

Ова се единствените информации-внимателно и во интерес на истрагата не се соопштуваат детали за немилиот настан, нити кога и под какви околности настапила смртта. Документацијата со детален опис и поединости кои ги откриваат причините за смртта,по целосното комплетирање од Институтот за судска медиција ќе бидат предадени во Основното јавно обнивинителсто во Струга кое понатаму ќе работи на расветлување на случајот.

Купа последне пат жив беше виден на 6 февруари. Пред да влезе во својот автомобил „ауди“, на најблиските им кажал дека ќе излезе да се прошета. Од тој ден, никој не знаеше каде е. Ден по неговото исчезнување, беше пронајден само неговиот автомобил, а полицијата и најблиските со денови траа по него и бараа помош од јавноста за да го лоцираат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1