Ланецот маркетите„ДМ“ во Хрватска ја повлече целата серија на производи од детската кашичка „Alnatura ЕКО“ направена од „тиква-компир-анасон”.
Повлечени се пакувањата од 190 грама со рок на траење до 17 октомври 2014 затоа што во Германија во една ваква тегличка било пронајдено парче од стакло, стои во сооштението на „ДМ“ кое го пренесоа хрватските медиуми.
Според компанијата дел од сомнителната серија била доставена и во Хрватска, иако поголемиот дел од пратките веднаш се повлечени од продажба.
Сепак, посочуваат од компанијата , не е исклучена можноста дел од нив да се веќе продадени.
Либертас