Пронајдено е телото на братот на Фазли Велиу – 12 години било во мртовечница


Пронајдено е тело на Ружди Велиу, братот на поранешниот пратеник на ДУИ, Фазли Велиу, објави Алсат-М.

Во 2003 година неговото тело беше пронајдено и оттогаш било во мртовечница, чекајќи анализи. Ружди, братот Велиу, исчезна во 2001 година, под сомнение дека македонските полициски сили го киднапирале некаде во регионот на Битола. Роднините на Велиу со години го искажуваа својот сомнеж дека властите намерно ја криеле судбината на Велиу.mrtovecnica

Меѓу другите исчезнати од конфликтот во 2001 година се смета дека се и Хајредин Халими од Скопје, Султан Мехмети од Струга и Џелил Османи од Гостивар. Во 2004 година на местото наречено Јама беа пронајдени и телата на Ибрахим и Зеќирија Велиу од Скопје, на Ислам Велиу од Струга и на бугарскиот државјанин, Радослав Балев. Погребот на Ружди Велиу ќе биде одржан утре во неговото родно село Коларе, Кичевско.ruzdi veliu

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1