Пронајдено и второ писмо: Позната причината за нападот врз автобусот на Борусија


Германската полиција пронајде и второ писмо во кое се презема одговорноста за експлозиите во близина на автобусот со играчите на Борусија Дортмунд.

Споредгерманските медиуми, пораката е објавена на еден антифашистички интернет портал, а во него се тврди дека нападот е извршен поради „благиот став“ на клубот кон неонацистичките и расистичките навивачи.borussia

Претходно во близина на автобусот беше пронајдена уште една порака. Полицијата потоа објави дека ја истражува можноста бомбашкиот напад да го извеле радикални исламисти, но се чини дека овие напади немаат никаква врска со нив.

За потсетување, во трите експлозии кои се случија непосредно пред мечот на Борусија Дортмунд и Монако беше повреден Марк Бартра, кој синоќа мораше да замине на операција.

Експлозиите се случиле додека автобусот со играчите на Дортмунд одеше кон стадионот каде требаше да го одиграат четвртфиналниот меч од Лигата на шампионите. Среќа е што стаклата на автобусот биле засилени, при што е избегната поголема катастрофа при експлозиите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1