Вчера вечерта во Единицата за известување и командување Скопје, пријавено било дека во село Љуботен била запалена меѓа од ливада.
Излезено е на местото на настанот, пожарот е изгаснат, а во меѓата откриено е изгоренo човечкo тело.
На местото на настанот излегле полициска екипа од СВР Скопје, Итна медицинска помош и дежурен Јавен обвинител по чија што наредба телото е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.