Пронајдено обезглавеното тело на Германец: Киднапиран и убиен бидејќи не е платен откуп


Филипинските војници ги пронашле посмртните останки на Германецот, на кого терористите од Абу Сајаф му ја отсекле главата, соопштил денес воен службеник.

Главата и телото на Јирген Кантнер биле пронајдени за време на операцијата за пребарување на градот Инданан, во јужната провинција Сулу, изјавил полковникот Кирилито Собехана.e9WexNZw

Останките на Кантнер биле сместени во мртовечницата во болница во Сулу, додека документите за транспорт на неговото тело не биле подготвени, рекол Собехана. Филипини и Германија го осудиле варварското отсекување на главата на Германецот, кого терористите на Абу Сајаф го киднапирале во ноември минатата година.

Организацијата Абу Сајаф објавила снимка на која се гледа како еден од нејзините припадници му отсекува глава на постар маж, за кого не бил платен откуп од 600.000 долари.

На снимката, која потоа ја објавила и група која ги следи активностите на терористичката организација, се гледа како маж со мачета го убива германскиот заложник. Мажот бил идентификуван како Јирген Кантнер, кој два пати претходно молел за помош во кратки видео пораки.

Кантнер и неговата партнерка биле заробени во ноември минатата година додека едреле во близина на источна Малезија, а потоа биле одведени на островот Џоло. Неговата партнерка била убиена кога се обидела да пружи отпор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1