Една од најпознатите криминални истраги во Америка- убиството на Никол Браун Симпсон и Роналд Голдман, може да добие нов тек 22 години после злосторството бидејќи полицијата го открила ножот со кој најверојатно е направено убиството.
Оружјето е најдено на имотот на нејзиниот поранешен сопруг американскиот фудбалер О. Џеј Симпсон.
Сипмсон е ослободен од обвиненијата во јуни 1994 година после контраверзното судење. Меѓутоа сега поранешниот полицаец Џорд Мајкот го предал ножот во полиција објаснувајќи дека му го дал работник на имотот во 2002 година. На никој не му е јасно зошто до сега го чувал, како и дали тоа е навистина тој нож.
После објавувањето на веста за ножот, Америка каде и се прикажува серијата за тоа злосторство, повторно е поделена, дури и ако се докаже дека Сипсон со овој нож убил двајца луѓе, не е можно да се осуди бидејќи веќе е ослободен на суд за тоа злосторство. Инаку, Симпсон е во затвор од 2007 гофина поради измама, вооружен грабеж и киднапирање.